Сончевото и топло време овој викенд ги наполни нашите туристички центри, а Баскерфест беше причина повеќе туристите да уживаат во последниот викенд во јуни.
Дојран и Охрид на посетителите им овозможија да бидат дел од караванот кој носи среќа, па неколку дена по ред на градските плоштади баскер изведувачите ги забавуваа посетителите, особено оние најмладите, а вечерва БАСКЕРФЕСТ 2014 ќе биде официјално затворен во Нов Дојран со почеток во 20:00.
Покрај овие два езерски града, фестивалот паралелно се одвиваше и на три други локации- Ресен, Битола и Банско во Бугарија.