ФОТО: Чоколадно дрво од пет метри во Париз

Од:

Париз е познат по своите кулинарски вештини, но дури и просечниот жител на овој град ќе се изненади кога ќе ја види фантастичната креација во излогот на една продавница – колосално чоколадно дрво со мајмуни.

Дрвото високо пет метри е дело на Патрик Роже и се наоѓа во неговата продавница на Плоштадот Мадлен (Place de la Madeleine).

Пет тони чоколадо му биле потребни за да изгради дрво со листови, корења, гранки и верен приказ на мајмуни, без каква било структурна поддршка.

Со други зборови, целата композиција е кревка, што е очекувано за едно уметничко дело од шеќер и какао.

– Многу е ризично, објаснува Рожер. – Додека поставувавме еден мајмун, ни падна и целиот се искрши, додаде тој.

Освен атрактивноста, делото на Рожер носи и еколошка порака – намера му е да го сврти вниманието кон проблемот со африканските диви животни, кои се пред изумирање поради човечката експанзија.

– Ако успеам да сочуваме два мајмуна, ќе сочувам и 100 хектари земја, објаснува Роже. – Голем дел од мојата работа зависи од вегетацијата и затоа ова ми е многу важно, дополни тој.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски