Деветтото издание на уличниот театар, под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи на ниво на цела Македонија, односно во 21 општина низ целата република.
Официјалниот старт на фестивалот е на 27-ми мај на градскиот плоштад во Скопје, а авантурата започнува во Гевгелија на 28-ми мај.
Скопје ќе биде домаќин од 06. јуни до 15. јуни, а целата турнеа ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола. Покрај овие градови, Македонците ќе уживаат во уличните престави и во Кочани ( 30-31 мај), Велес (6-7 јуни), Свети Николе ( 7 јуни), Облешево/ Чешиново( 10 јуни), Кавадарци ( 13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп ( 20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово ( 21 јуни), Крушево ( 22 јуни), Дојран ( 27-30 јуни), Ресен ( 28 јуни), Охрид( 28-29 јуни), Делчево ( 29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30 јуни).
Новитет оваа година се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои учество ќе земат и дел од баскер изведувачи како и познати диџеи од Македонија и странство.
Овој пат Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија па се до Нов Зеланд.
Повеќе информации на официјалниот веб сајт- http://www.buskerfestmakedonija.com