ФОТО: „Баскерфест“ по Скопје продолжува низ другите градови

Од:

Фестивалот „Баскерфест 2014“ синоќа заврши во Скопје. Посетителите од 6 до 15 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ уживаа во перформансите на 150 артисти.

baskerfestKraj2014 (4)

За викендите кај Веро Центарот, најмладите уште од пладне се забавуваа со голем број аниматори, а вчера за нив имаше забава и во Зоолошката градина.

baskerfestKraj2014 (1)

Во вечерните часови, откако ќе завршеше официјалниот дел на „Баскерфест 2014“ забавата продолжуваше во пивница „Стар Град“. Градската плажа „Парк“, „Баскерфест“ го затвори во саботата, со над 1.500 посетители на првиот „Скопје Галактик Фестивал“.

baskerfestKraj2014 (2)

Наредната година е јубилејна за единствениот уличен фестивал во Македонија. Организаторите информираат дека за десетгодишнината на „Баскерфест“ се подготвува нешто спектакуларно.

baskerfestKraj2014 (5)

„Баскерфест“ ќе продолжи во уште неколку градови низ Македонија. В среда е во Неготино, на 19 и 20 јуни во Виница, во Берово, Македонска Каменица и Прилеп на 20 и 21 јуни, во Крива Паланка, Пехчево и Тетово на 21 јуни, во Крушево на 22 јуни, во Дојран од 27 до 30 јуни. „Баскерфест“ ќе има и во Ресен, Охрид, Делчево и Битола, а дел и во Банско, Бугарија.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска