Фестивал на слатко од диви смокви

Од:

Во село Чалакли, Валандовско, денеска ќе се одржи Регионалниот фестивал на слатко од диви смокви што го организираат Слоу фуд тера Гевгелија, Слоу фуд Дојран, Слоу фуд Богданци и новоформираниот Слоу фуд Валандово.

Учесниците ќе приготвуваат слатко од диви смокви, а посетителите ќе дегустираат. Воедно ќе биде промовиран  рецептот за правење на овој традиционален производ. Предвидено е и дегустирање традиционални јадења наследени од нашите предци во југоисточна Македонија.

Фестивалот што досега се одржуваше во Гевгелија, Дојран и Богданци, ќе го отвори градоначалникот на Валандово, а гостите ќе бидат пречекани со послужување традиционално домашно лепче.

Истовремено со Фестивалот, ќе се одржува и 24. Фестивал на народни ора и песни од Македонија и Турција под покровителство на министерствата од двете земји.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски