Фестивал на италијанска храна во Скопје

Од:

Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки, музика во живо, дружење и уживање, ќе понуди Фестивалот на италијанска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот Македонија во Скопје.

Настанот го организираат Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) по повод 6. Недела на италијанската кујна во светот која има за цел промоција на традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.

Како што најавуваат организаторите, најреномираните италијански ресторани од Скопје, Kaj Џино, Ла Тераца, Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб и ИТА Бренд, ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони.

Фестивалот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, како и ликовен конкурс за деца. Ќе има и лотарија за сите што ќе купуваат храна и прехранбени производи.

Манифестацијата ќе ја отвори италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава