Европската комисија планира до 2030. да ја преполови количината на фрлена храна

Од:

Според проценките на Европската комисија за здравјето, во Европа година се фрлаат дури 88 милиони тони храна, што е 20 отсто од целата произведена храна, а гледано од економска страна тоа изнесува вртоглави 143 милиони евра.

Проблемот со отпадот од храна веќе пет години е еден од клучните проблеми на Европската унија, па затоа Европската комисија предложила акционен план со кој до 2030. година би се намалила количината на фрлена храна за 50 отсто.

Проблемот со фрлање на храната ја погодува Европската Унија толку многу што Франција и Италија минатата година биле приморани да донесат закон за фрлање на храната, а сега се обидува да го усвои и Велика Британија која што од година во година бележи се поголема количина на фрлена храна.

Она што е особено загрижувачки се проценките дека до 2020. година количината на фрлена храна во ЕУ би можела да премина 126 милиони тони. Затоа не изненадува законот во Франција, според кој сите супермаркети со продажни простории поголеми од 400 квадратни метри мораат да ја донираат целата храна која што мора да ја тргнат од рафтовите заради поминување на рокот.

Покрај тоа, супермаркетите мораат да потпишат договори со добротворни организации или да се соочат со високи парични казни или дури и затворски казни за одговорните лица.

Оние супермаркети кои не ја донираат храната, неискористената храна може да ја претворат во храна за животни.

За борбата против фрлање на храната да биде поуспешна, Европската комисија за здравје издала насоки за борба против овој проблем.

Од комисијата предлагаат сите луѓе да се вклучат во оваа акција и да си ги планираат оброците за цела недела и според тоа да ги вршат набавките, а вишокот на храна да го донираат.

На глобално ниво се фрла скоро една третина од произведената храна, односно околу 1,3 милијарди тони, додека истовремено секој ден околу 20.000 деца умираат од глад.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава