Трбијут бендот на ЕКВ „Деца из Воде“ в сабота ќе одржи концерт во клубот Станица 26 во Скопје.
Како што соопшти организаторот, на репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест албуми на EKВ, дополнително нивното деби „Катарина II“, а ги изведуваат и двата најголеми хитови од периодот на Милан Младеновиќ во групата „Шарло Акробата“.
Бендот досега има реализирано преку десет концерти, а ова е негово прво гостување во Скопје.
Публиката, освен концертот ќе има можност да види и интересни фотографии и видео спотови, а пред почетокот на концертот ќе биде емитуван краток ТВ филм “Дечак из воде“.
Проектот е создаден пред две години со идеја концертно да се одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, фронтменот на EKV, EKV како култен бенд и нивниот музички опус.