Годината која смени се: Каде беше во `91?

Од:

Портал ОКО – Загреб

Кога би избирале најдобра година на популарни песни изборот би морал да падне на 1991 година, наведува The Daily Beast, бидејќи тоа е година која во сите жанрови изненади со многу хитови. Тоа е исклучително важна година која дефинираше нов период во музиката.
Во почетокот на 90-тите настана нов жанр new jack swing кој благодарение на хитовите на Џенет Џексон и Витни Хјустон стана планетарно популарен. Џенет Џексон кон крајот на 1989 година издаде сингл „Rhythm Nation 1814‟ кој доминираше на листата.

Витни Хјустон насоката new jack swing ја промовираше со албумот под името „I’m Your Baby Tonight‟. За првото место на листата на популарноста со Витни Хјустон се бореше и Мараја Кери со својот албум „Emotions‟.

„Born to sing‟ првиот албум на групата En Vogue беше хибрид меѓу new jack swing и dance музиката, што веднаш му обезбеди популарност. Песните на En Vogue се уште се вртеа на радио станиците кога излезе „The future‟ новиот албум на групата Guy Teddy Rileya, пишува Express.hr.

Групата New Edition се распадна, а двајцата нејзини пејачи Ралф Тресвант и Џони Гил продадоа над два милиона копии од своите албуми. Главните ѕвезди на музичката сцена станаа Бел Бив Дивоу со својот сингл „Poison‟. Во тоа време new jack swing полека го истисна новиот жанр R&B.

На врвот на листата во тоа време беше групата Boyz II Man со својот прв сингл „Motowphilly‟ кој подоцна стана класика поради својот хип-хоп ритам комбиниран со акапело пеење. Американската група Jodeci R&B жанрот го прослави со синглот „Forever my lady‟ кој според стилот се разликуваше од стилот на нивните претходници. Jodeci се истакнуваше и со својот имиџ. На стилот на своите претходници кои го негуваа имиџот на bad boy групите, тие додадоа елемент на улицата. Имиџит на уличната естетика подоцна во R&B музиката ќе стане стандард.

И во хип-хопот во 90-тите беше интересен воведот во новата деценија. Рапот полека добиваше елементи на поп музика и имаше се поголем круг на публика која го слушаше. Поп-рап сенцазијата како MC Hammer и Vanile Ice експлодираше во 90-тите. Двајцата издадоа албуми на кои се наоѓаа хит песни кои на никого во таа година не излегуваше од главите.
Во 1991 година композиторите се одлучија да ја искористат популарноста на рапот. Така и групата De la soul со новиот албум се откажа од хип-хоп-хипи жанрот кој го негуваше порано и се одлучи за хитови на поп-рап и хип-хаус кои во тоа време беа исклучително популарни.

Ѕвезда на хип-хоп таа година стана Ice Cube благодарение на групата Naughty By Nature која промовираше исконски уличен рап. Ice Cube благодарение на својот лут глас со кој го опишуваше животот во Лос Анџелес, беше и најпосакуван рапер во тоа време.

Двете најголеми рап групи на новата деценија стана N.W.A. поранешна група на Ice Cube и Public Enemy. Двете беа контроверзни, но нивните албуми станаа класици.

Поединечно, првите места на листата ги држеа 20 годишниот Тупак Шакур и 17 годишниот Нас. Тупак дојде во центар на вниманието откако јавноста го исмеа Ice Cube поради неговиот антисемитизам.

Нов главен лик од постерите стана и Курт Кобеин, пејач на Нирвана, кој со својот хит „Smells like teen spirit‟ отвори врата на другите рок групи како Перл Џим.

Двете групи изведуваа grunge rock. Во исто време благодарение на песните „Losing my religion‟ и „Shiny happy people‟ стана популарна и групата R.E.M. Двете песни се објавени на албумот „Out of time‟. Иако најчесто се тврди дека за успехот на алтернативниот рок најзаслужна е Нирвана, големи заслуги има и R.E.M. за експлозијата на тој жанр. Во 1991 година популарност стекна и групата The red hot chili peppers која разви нов звук на панк-рап-треш-фанк.

Во 1991 на пазарот се појавиja и групи како My bloody Valentine и Blur. Меѓутоа, во рок музиката популарен не беше само алтернативниот рок туку и хард рокот и веќе наведениот гранџ. Најголема хард рок група на планетава во 1991 година стана Металика со своите радио хитови „Enter Sandman‟ и „Unforgiven‟. Истата година како новост се појави и ирската рок група U2.

Почетокот на поп музиката во 1991 година го одбележаа мега ѕвездите Принц и Мајкл Џексон. Двајцата таа година ги издадоа своите најдобри хитови „Purple rain‟ на Принц и „Bad‟ на Мајкл Џексон.

Гледајќи наназад 1991 година навистина беше пресвртница во популарната музика, бидејќи она што беше популарно таа година беше популарно цела деценија. Пред крајот на 90-тите престана да биде чудно ако некоја рап ѕвезда станеше поп икона или ако рокерите почнале да се облекуваат како тинејџери. Сите тие елементи беа претставени во 1991 година.
Таа година се простивме од Фреди Меркјури и Мајлс Дејвис. Тоа беше година која промени се. 

Би можело да ве интересира

Највисоката вештачка елка е во Шри Ланка

Емир Латифовиќ

Најбизарни признанија за неверства пред свадба

Емир Латифовиќ

Неочекувана ноќна посета преплаши двајца сопружници во хотел во Индија

Емир Латифовиќ

Убавите жени ја поттикнуваат меморијата кај мажите

Емир Латифовиќ

Американец се обиде да си го скенира половот орган на каса

Емир Латифовиќ

ЕКВ трибјут бенд првпат во Скопје

Емир Латифовиќ