Вишокот килограми го скратува животот бидејќи предизвикува мозочен удар и други болести, а новото истражување покажало дека екстремната зголемена тежина е поштетна од пушењето.
Истражувањето покажало дека луѓето кои се екстремно дебели умираат 6,5 до 13,7 години порано отколку нивните врсници со нормална тежина.
Новата студија ги обработила податоците на речиси 10.000 возрасни лица со прекумерна тежина и 304.000 со нормална тежина.
Во групата на екстремно дебели, вкупниот ризик од смрт е многу поголем, а причина се главно болести на срцето, ракот и дијабетисот.