Мемоарите на Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, сè уште не ја виделе светлината на денот, но она што ќе се најде меѓу кориците на книгата ги полни таблоидите секој ден.
Поранешниот сопруг на контроверзната поп-принцеза изнесе шокантни тврдења за нивниот брак и откри дека вистинската причина за разводот е зависноста на Бритни Спирс од дрога.
Поранешниот сопруг на Бритни Спирс го изнесе тврдењето во својата претстојна автобиографија „You Thought You Knew“, извадоци од кои објави Us Weekly. Бритни претходно жестоко ги негираше неговите тврдења преку социјалните мрежи.
Според него, инцидентот се случил во 2006 година на забава по повод објавувањето на неговиот албум „Playing With Fire“, иако Бритни му кажала претходно истата вечер дека останува дома со нивните синови – Шон Престон (сега 19) и Џејден (18).
Федерлајн опиша како по пристигнувањето во клубот го пречекал таткото на Бритни, Џејми Спирс, кој со загрижен израз на лицето покажал кон неговата гардероба, давајќи му до знаење дека Бритни всушност не останала дома.
Кога неговиот телохранител ја отворил вратата, Федерлајн вели дека ја нашол Бритни како седи на ниска маса со нејзиниот брат Брајан, агентот Џејсон Тровик и неименувана актерка чија кариера штотуку започнувала.
„Првото нешто што го видов беше Бритни и оваа млада актерка како вадат дебели линии кокаин од масата. Двете носеа бизарни перики – Бритни беше русокоса. Беше нереално. Дури и не се обидоа да го сокријат тоа“, напишал Федерлајн.
Тој тврди дека бил шокиран што неговата тогашна сопруга користела дрога додека сè уште ги доела Престон и Џејден, кои тогаш имале само 13 месеци и 1 месец. Подоцна истата вечер, тој наводно ја прашал:
„Те молам, не оди дома и не ги дои децата вака. Јави и се на мама или на некој друг. Мора да ја добиеме формулата. Не може да го правиме ова вака“.
Бритни, според неговите тврдења, реагирала бурно – му фрлила пијалак во лице пред сите и ја напуштила забавата бесна.
„Тоа беше последната капка што ја прелеа чашата. Доењето во таа состојба и нејзината реакција – мè уништи“, напишал тој.
Набргу потоа, Федерлајн ангажирал адвокат за да ѝ испрати на Бритни официјално писмо со кое бара да престане да дои. Само неколку дена подоцна, Бритни ја ангажирала адвокатката Лаура Васер и поднела барање за развод по две години брак.