Еко фестивал „Sound of green“ на Градската плажа Камени мост

Од:

Еко фестивал „Sound of green“ ќе се одржи на 28 јуни на Градската плажа Камени мост (Летен камп Кастро), во центарот на Скопје во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување – „Пакомак“, а во соработка со Пасворд продукција – продуцентската куќа за организација на музички настани во Македонија.

Пред скопската публика ќе настапат едни од најдобрите македонски бендови „Суперхикс“, „Паркети“ и DJ Goce D’Sauce.

Влезници за фестивалот, кој се одржува трета година по ред, нема да се продаваат, туку ќе се добиваат во замена за три празни пластични шишиња од која било големина.

Организаторите соопштија дека сите кои сакаат да бидат дел од таа голема журка, треба да ги донесат собраните шишиња на пултовите на „Пакомак“ пред влезовите на Градската плажа на Кеј пред почетокот на концертот и со тоа да си ја обезбедат својата влезница за овој несекојдневен музички настан.

Од „Пакомак“ посочуваат дека нивна цел е да ја подигнат еколошката свест кај младите и да покажат дека собирањето на отпадот може да биде забавен чин и дел од секојдневието.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ