Британски судија кој водел постапкај против едно момче за кражба не можел да го сокрие изненадувањето околу цената на украдената стока – виршла во лиснато тесто.
– Три фунти (четири евра) за рол виршла? Мора да било гастрономско чудо, рече во неверување судијата, Филип Стејтмен.
Како што пренесува весникот „Телеграф“, 19-годишното момче, виновник за кражбата е уапсен минатиот декември откако од една бензинска пумпа украл пециво и го изел.
Судијата Стејтмен младиот крадец го казнил со парична казна од 25 фунти и наредил на сопственикот на бензинската пумпа да ги надомести парите за украдената рол виршла.
– Тоа ќе биде најскапата рол виршла која некогаш ќе ја изедеш, порача судијата.