Ѕвездите од „Пријатели“ одбиле да учествуваат во документарецот за Метју Пери

Од:

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Метју Лебланк и Дејвид Швимер нема да се појават во новиот документарец на Netflix, „The One About Matthew Perry“, посветен на животот и наследството на нивниот покоен колега Метју Пери.

Според извор на Page Six, продуцентите наводно ги контактирале сите петмина актери од „Пријатели“, но тие одлучиле да ја одбијат поканата.

„Ги контактираа, но тие одлучија дека не сакаат да учествуваат“, изјавил изворот.

Друг извор тврди дека Џенифер Анистон не сакала да учествува бидејќи повторното јавно зборување за смртта на Пери би ѝ било премногу тешко.

„Нема шанси Џен некогаш да се согласи на такво нешто. Не сака да седи пред камерите и да плаче. Не сака повторно да поминува низ тоа, особено не пред очите на јавноста“, изјавил извор за Page Six.

Пери претходно зборувал за блискоста со Анистон, а во интервјуто со Дајан Соер во 2022 година открил дека токму таа од колегите од серијата најчесто му се јавувала додека се борел со зависноста.

„The One About Matthew Perry“ е триделна документарна серија на режисерката и добитничка на наградата Еми, Мери Робертсон, а на Netflix пристигнува на 27 октомври, три години по смртта на Пери.

Серијата ќе го следи неговиот пат до светската слава, приватните проблеми и борбата со зависноста, а ќе содржи и досега необјавени фотографии и снимки од приватната архива на семејството Пери.

Во документарецот за првпат подетално зборува и неговата сестра Миа Пери Буик.

„Ми требаше време да бидам подготвена да ги споделам овие сеќавања и да зборувам за тоа како беше да се сака Метју низ сета сложеност на неговиот живот“, истакнала таа.

Режисерката Робертсон објаснила дека во серијата сакале да прикажат каков бил Пери надвор од очите на јавноста, преку приказните на луѓето кои го познавале и го сакале.

Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година на 54-годишна возраст, откако бил пронајден без свест во хидромасажна када во својот дом во Лос Анџелес.

Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес утврдила дека причината за смртта биле акутните ефекти од кетамин, додека давењето, коронарната артериска болест и ефектите од бупренорфинот биле наведени како фактори кои придонеле за смртта. Неговата смрт била прогласена за несреќен случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“

Предраг Петровиќ

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ

KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Предраг Петровиќ

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза