Сервисот на „Гугл“ за електронска пошта „Џимејл“ убедливо води на пазарот на мејлови надминувајќи над 900 милиони корисници.
„Џимејл“ во 2012 година имаше 425 милиони корисници, додека сега апликацијата ја користат над 900 милиони луѓе, објави „Гугл“.
Услугата на „Мајкрософт“ за електронска пошта „Аутлук“, што е директен конкурент на Гугл има максимално 475 милиони корисници, додека „Јаху мејл“ го користат само 110 милиони луѓе.
Гугл на конференцијата И/О објави дека на апликацијата „Џи мејл“ 75 проценти од корисниците се поврзуваат преку смартфони.