„Џифони Македонија патува“ во Тетово

Од:

Во Тетово денеска и утре ќе се одржува програмата „Џифони Македонија патува“ како патувачки дел од фестивалот за млади „Џифони Македонија“ во помалите градови од Македонија.

Средношколците од Тетово на настанот, кој ќе се одржува во училиштето „Моша Пијаде“, ќе гледаат играни филмови и ќе учествуваат во креативни работилници.

Целта на тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ е преку богата програма и активности неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата, да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање.

Со цел приближување на брендот „Џифони’’ кон младите во Тетово, ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Giffoni Experience“ од Италија и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Фестивалската програма „Џифони Македонија патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и „Giffoni Experience“ од Италија, во соработка со Општина Тетово и Италијанската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Основачот на фестивалот „Џифони експериенс“, Клаудио Губитози, ќе ја раскаже својата приказна – како се роди најголемиот филмски фестивал за деца и млади

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Џифони Македонија“, ќе учествуваат 300 деца од 13 земји

Ана Ололовска

Повик за онлајн-учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2020“

Ана Ололовска