Почнува фестивалот „Џифони Македонија“, ќе учествуваат 300 деца од 13 земји

Од:

Креативни работилници, дискусии, детски и младински филмови, разни едукативни содржини, но и средби со познати личности ќе остварат околу 300 ученици од земјава и 12 други земји на годинешниот осми Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Фестивалот ќе се одржи од 25 до 30 септември, а поради пандемијата, најголемиот дел од програмата ќе се одвива онлајн преку платформата „youth.mk“.

Во вечерните часови ќе има пет филмски проекции во живо. Фестивалот ќе биде отворен утре со прикажување на првата проекција во Кинотеката на Македонија во 19 часот. Поточно ќе биде прикажан италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“ – најдобар филм за младата публика за оваа година, според Европската филмска академија.

Овој фестивал, според извршниот директор на „Џифони Македонија“, Дарко Башевски, е место за дискусија за проблемите на младите преку разни креативни работилници, но и место за дружење со свои врсници од земјава и од Европа.

-Филмскиот фестивал веќе осум години е место каде што се презентираат актуелните филмови за деца и млади, каде што е главно место за дискусија за проблемите на младите, инспирирани од темите на филмовите, многу креативни работилници, проекции на нови филмови создадени од младите, средби со познати личности и место за дружење на младите од целиот град, од целата земја и од десетина до 12 земји од Европа секоја година, рече Башевски на денешната прес-конференција.

Новата дигитална младинска платформа „youth.mk“ преку која ќе се одржува Фестивалот е создадена благодарение на поддршката на мисијата ОБСЕ во Скопје, а како што посочи Башевски, истата ќе биде наменета на младите љубители на филмска уметноса.

Платформата ќе биде и место каде што ќе се објавуваат аудио-визуелни креации, прилози, туторијали на младите македонски и странски автори. Истата ќе им овозможи на учесниците директно да се вклучуваат во работилниците и другите онлајн настани и да имаат интерактивни средби со гостите.

-Околу 300 ученици година од соновно и средно образование, на возраст од 11 до 19 години од земјава и од 12 други земји ќе се дружат преку оваа платформа на која ќе се презентира богатата понуда на филмови. На фестивалот ќе бидат прикаѓани 16 играни филмови и 35 кратки филмови кои ќе се натпреватуваат во три категории за играни филмови и 4 категории за кратки филмови, рече Башевски.

Програмскиот директор Деа Крстевска на денешната прес-конференција истакна дека ќе има и едукативен елемент со бројни креативни работилници.

-Како и секогаш не изостанува едукативниот елемент кој е важен дел од нашиот фестивал. И оваа година ќе имаме бројни креативни работилници кои ги организираме во соработка со професионални ментори, потопчно ќе имаме осум работилници тоа три во категоријата за јуниори и пет во категориите сениори и кадети кои ќе се одвиваат секојдневно, значи пет дена по 90 минути. Работилниците ќе се одвиваат онлајн, рече Крстевска.

Во попладневните часови учесниците ќе имаат и средби со меѓународни и домашни гости. Македонските гости се младите режисери Леон Ристов, Ана Андонова, Сергеј Сарчевски и Мартин Чичовски, и јутјуберот Стефонатор.

Темата на „Џифони Македонија 2020“ е Земја (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – Џифони Експириенс, Министерство за култура и туризам на Италија, Министерство за надворешни работи на Италија и Амбасадата на Италија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска