Џем од киви и јаболки

Од:

Оваа необична комбинација дава совршен вкус…

Потребно е:

500 гр јаболки
500 гр киви
350 гр шеќер
1 лажица нишесте

Подготовка:

– Јаболките измијте ги убаво и излупете ги. Излупете ги и кивите. Целото овошје исецкајте го на коцки.

– Ставете го овошјето во тенџере на рингла заедно со шеќерот и нишестето (претходно разматено во малку вода). Оставете да почне да врие, намалете ја температурата и варете 10-тина минути. При варењето ќе се појави пена која постојано треба да ја тргате.

– Сварениот џем изблендирајте го со рачен блендер но не сосема, треба да останат мали парчиња од овошјето.

– Топлиот џем сипете го во топли тегли, затворете го со капаци и оставете го полека да се излади.

– Вака подготвениот џем чувајте го во фрижидер.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски