Џејми Ли Кертис на своите следбеници им откри дека е „чиста“ веќе 25 години

Од:

Познатата актерка на своите следбеници на Инстаграм им откри дека е „чиста“ веќе 25 години.

– Ден по ден измина 9.125 – изјави холивудската ѕвезда, која претходно се бореше со зависноста од дрога.

Многумина и честитаа на упорноста и силниот карактер.

„Она што е внатре, како што пееше мојот стар пријател Адам, е чувство на смиреност, спокојство, цел и најмногу чувство дека не сум сама. Дека многу други ја делат истата болест и решението“, рече Џејми Ли Кертис.

Актерката испрати порака за охрабрување до оние кои се борат со истите проблеми, оние кои „се борат со зависноста и срамот“, нагласувајќи:

„Има други овде на кои им е гајле“.

Би можело да ве интересира

Во подготовка биографскиот филм за Ејми Вајнхаус

Џејми Оливер ќе затвори шест ресторани во Велика Британија

Емир Латифовиќ