Познатата актерка на своите следбеници на Инстаграм им откри дека е „чиста“ веќе 25 години.
– Ден по ден измина 9.125 – изјави холивудската ѕвезда, која претходно се бореше со зависноста од дрога.
Многумина и честитаа на упорноста и силниот карактер.
„Она што е внатре, како што пееше мојот стар пријател Адам, е чувство на смиреност, спокојство, цел и најмногу чувство дека не сум сама. Дека многу други ја делат истата болест и решението“, рече Џејми Ли Кертис.
Актерката испрати порака за охрабрување до оние кои се борат со истите проблеми, оние кои „се борат со зависноста и срамот“, нагласувајќи:
„Има други овде на кои им е гајле“.