Калифорнија се справува со разорни шумски пожари кои оставаат пустош. Повеќе од 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, а меѓу нив имаше и бројни познати личности од Холивуд.
На социјалните мрежи многумина споделуваат пораки за поддршка, но и страв поради опасноста на која се изложени нивните домови.
Актерката Џејми Ли Кертис е меѓу оние кои проговорија за драматичната ситуација.
– Мојата заедница, а можеби и мојот дом гори. Моето семејство е безбедно. Многу од моите пријатели ќе ги загубат своите домови. Има толку многу спротивставени извештаи. Со сета технологија, се чини дека има многу малку информации. ВЕ МОЛИМЕ ОБЈАВЕТЕ ГИ ФАКТИТЕ! ЌЕ ПОМОГНЕ НА ОНИЕ КОИ СЕ ПРАШУВААТ! – напиша Ли Кертис со фотографија од куќа во пламен.
Актерката изрази благодарност до пожарникарите и сите кои помагаат во евакуацијата:
– Соседите им помагаат на соседите. Сите земаме сè здраво за готово додека не не погоди вакво нешто. Ако некогаш има време да се каже „мојата рака во твојата“, тоа е сега. Грижете се еден за друг. Тргнете се од патот и оставете ги пожарникарите да си ја завршат работата. Молете се, ако верувате, а ако не, молете се за оние што веруваат“ рече таа.
Овој апел доаѓа во време на загрижувачка ситуација каде што домовите и животите на илјадници луѓе се загрозени поради пожарите.
Освен Џејми Ли Кертис, за пожарите зборуваа и Парис Хилтон, Ванеса Хаџенс, Хејли Бибер, Били Ајлиш, Зои Салдана, Кејли Куоко и Сара Мишел Гелар кои споделуваа емотивни објави на социјалните мрежи.