Две жени се скараа, па силите си ги измерија преку своите автомобили

Од:

Две жени направија општ хаос на паркинг во Лос Анџелес, приредувајќи сцена како од филмот „Брзи и бесни“.

Наводно, се почнало кога едната и го пресекла патот на другата, а потоа оваа ја застанала на најблискиот паркинг.

– Мислев дека сака на паркингот да размениме податоци околу осигурувањето, но таа ме турна наземи и почна да ме клоца. Викаше: „ми го пресече патот“, а јас повторував дека ми е жал, но не сум го сторила тоа, рече за Ен-Би-Си 33-годишната Јаја Шабаж од Атланта, сопственичката на Тојота РАВ-4, која одела нагости кај својот брат во во Лос Анџелес.

Потоа, другата жена извадила чекан од своето Бе-Ем-Ве Икс-3 и почнала да удира по другото возило. Шабаж во тој момент влегла во својот автомобил и почнало демолирањето

– Не сакав никого да повредам, само сакав да избегам од паркингот, ги правда Шабаз своите неколку удари во Бе-Ем-Ве-то.

Од полицијата неофицијално известуваат дека тие две веројатно се познаваат од порано, како и дека ги кријат вистинските причини за тепачката. 

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум