Две срца навистина можат да чукаат како едно

Од:

Двајца вљубени често делат исти интереси, чувства, се смеат на исти шеги… Сега новата студија докажа дека нивните срца навистина можат да чукаат како едно.

Научниците тоа го открија набљудувајќи момчиња и девојки во врска, кои седелњ еден до друг, а притоа не се ни држеле за раце. Меѓутоа, сличен ефект не бил видлив кај целосни странци.

– Видовме низ многу истражувања дека една личност во врска може да го доживее она што другата личност го доживува во емотивна смисла, а оваа студија докажа дека тие можат да ги делат искуствата на психололошко ниво, наведуваат експертите од универзитетот во Калифорнија.

Тимот направил низа вежби на 32 двојки чии отчукувања на срцата и издишување биле пратени на монитор. Со добиените податоци е утврдено дека тие во различни ситуации имале исти или слични чувства. Покрај тоа, заклучено е дека жените повеќе се прилагодуваат кон нивните партнери, јави „Дејли Мејл“.

Истражувањето сугерира дека поврзаноста меѓу луѓето е поголема отколку што тие се свесни.

МИА

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска