Двајца млади стоматолози од Гевгелија одржаа концерт како поддршка за нивните колеги доктори

Од:

Двајцата млади стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев од Гевгелија одржаа акустичен концерт како поддршка за нивните колеги доктори.

Со своите гитари и листа од македонска музика, тие во саботата во текот на полицискиот час им приредија едночасовно уживање на гевгеличан под отворено небо.

– Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот, велат двајцата млади стоматолизи.

Александар се надева дека пораката што ја испратиле до јавноста, ќе бид еприфатена од сите.

– Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони, вели Александар.

Неговиот колега Томе вели дека немаат намера да селектираат професии и оти сите што работат во овие вонредни услови заслужуваат аплауз.

– Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен аплауз, вели Томе.

Нивното дуо е познато како „ChillOut“. Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски