Два збора кои никогаш не смеете да ги кажете во расправија

Од:

Ви пречи што вашиот партнер по работното време виси на компјутерот, прави звуци додека јаде, кога ќе се изнервира пцуе како таксист, а ни љубовните способности не му се на завидно ниво во последно време. Иако не е паметно да се обидувате да го смените партнерот, бидејќи тоа главно ќе заврши неславно, сепак е добро да го предупредите за некои работи.

Многу двојки молчат за проблемите, ги одложуваат важните разговори, се лутат и се мрштат во тишина и по неколку дена, пишува „Дејли меил“. Но, однесувањето на незрело дете на кого му ја земале играчката, не е никакво решение. Малите работи, ако ги ставате под килим, можат да се претворат во проблеми од гигантски размери, но заклучокот на познатите, непознатите, роднините и соседите, по разводот, може да биде: А толку добро се согласуваа.

За да биде поуспешна вашата заедница или вашиот брак, важно е за секој проблем да се зборува и да се реши на конструктивен начин. Но, при решавање на проблемот постојат некои работи кои никако не смеете да ги кажете или да ги направите. Ако сакате да ги смирите работите, тогаш не употребувајте зборови како секогаш и никогаш. Заборавете и на префрлување на вината и одмерување кој што погрешил. Избегнувајте пцовки. Не го одбегнувајте сексот бидејќи така сигурно нема да го решите проблемот туку можете само да го продлабочите.

Еве уште некои совети:

Признајте ја грешката, искарајте се и решете го проблемот

Речиси сите имале барем една двојка пријатели чија врска изгледала одлична. Иако никогаш не го повишувале тонот еден на друг и не се расправале, на крај ја прекинале врската. Учете од нивните примери и не ги одложувајте проблемите, соочете се со нив, исфрлете од себе што мислите па потрудете се двајцата со својот однос и дела да не се навредувате.

Од мали проблеми настануваат големи расправии

Оставањето на чорапи по подот дома, подигнат капак на тоалетната школка и куп неизмиени чинии можеби се ситни проблеми, но навистина знаат многу да иритираат. Имено мажите се тие кои зад себе оставаат нешта или забораваат да ги здиплат или кренат, а жените се ставаат во улога на мајка и ги предупредуваат да си ги средуваат алиштата. Тоа оди на нерви и на жените бидејќи мора да ги потсетуваат на некои елементарни работи, но и на мажите бидејќи постојано се предупредувани, како што велат им се приговорува.

Различни ставови и како да се усогласат

Луѓето со слични погледи и ставови обично завршуваат заедно, но што кога за некои важни теми имате различни мислења? Децата, политиката, верската определба, геј браковите, се чувствителни теми за кои треба конструктивен разговор. Ако еден партнер не сака дете, а другиот е подготвен на родителство, сигурно ќе биде тешко да се најде решение кое ќе ги задоволи двајцата. Еден секако ќе мора да попушти.

За да не дојде до незгодни изненадувања, сепак пред сериозна врска треба да се распрашате за партнерските приоритети и ставови.

Криза во сексуалниот живот

Расправија околу сексот, од типот дали доволно го има или не, зошто ве одбил и решавање на други жешки проблеми од креветот, може да го спаси вашиот сексуален живот. Немојте само да се мрштите или да му враќате со иста мерка, прашајте го зошто играл игри на компјутерот, а не се галел со вас. Можеби одговорот нема да ви се допадне, но пробајте да го решите проблемот.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска