Форбс го состави својот годишен список за најплатени хип-хоп музичари, а на врвот се најде Др. Дре со заработувачка од вртоглави 620 милиони долари.
Форбс својот список го составува врз основа на проценките на приходите од продажбата на албуми, сувенири и концерти.
Др. Дре ги продаде неговите слушалки и звучници Beats by Dr.Dre на Апл за три милијарди долари, со што богатството на Дре порасна за 350 милиони долари.
Beats е марка на слушалки и звучници кои музичарот Др. Дре ги основал со претседателот на дискографката ккуќа Interscope-Geffen – A&M Џини Ловин. Др. Дре оваа година влезе во историјата како музичар со најголема заработувачка на нивниот список.
Второтп место го поделија Џеј Зи и Диди со заработувачка од 60 милиони долари. На трето место се најде Дрејк со заработувачка од 33 милиони долари.