Доналд Трамп доби црн појас во теквондо

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во петокот беше награден со почесен црн појас во теквондо, со што го постигна највисокото ниво во оваа боречка вештина.

„Претседателот на ’Кукивон‘ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Поранешниот претседател Трамп рече: ’Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека теквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо тимот на Кукивон‘,“ се вели во соопштението на страницата на Академијата.

Сѐ тоа привлече разни коментари на интернет-просторот. Некои луѓе го одобруваат потегот, но повеќето негодуваат, а некои и се потсмеваат со оваа новина.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата