„Домашни правила“ на хрватската писателка Оља Савичевиќ-Иванчевиќ

Од:

„Македонска реч“ ја објави книгата со лирски записи „Домашни правила“ на хрватската авторка Оља Савичевиќ-Иванчевиќ, која живее и работи во Сплит како слободна писателка.  „Домашни правила“ има три изданија во Хрватска, едно во Србија, а е објавена и на шпански јазик. Од хрватски на македонски ја преведе Нове Цветаноски.

– Поезијата на Савичевиќ-Иванчевиќ донесува суптилна археологија, интима, на анегдотата, запаметениот детаљ, чувството или пронајдениот и одамна загубениот предмет на втемелени асоцијативни низи на органското сеќавање, филигрански исплетени како траги на ползавци на одамна напуштена куќа. Овие лирски фрагменти, речиси со прозен слог, дури и тогаш кога со манифестно имагинарно преместување ќе го напуштат првобитниот интимен простор и време, ќе го вклучат новостекнатото оживеано искуство во единствено на повисок ред и целина кои остануваат секогаш отворени и динамични, никогаш довршена поетичка творба, пишува рецензијата за нејзината книга.

Оља Савичевиќ-Иванчевиќ (Сплит, 1974) е авторка на поезија и проза и е меѓу најнаградуваните во најновата хрватска литература. Ги напишала поетските книги: „Ќе биде страшно кога ќе пораснам“ (1988), „Вечни деца“ (1993), „Женско писмо“ (1999), „Puzzlerojc“ (2006), „Домашни правила“ (2007); книгите со раскази „Да го насмееш кучето“ (2006) и романот „Адио каубоју“ (2010). Преведена е на петнаесетина јазици. Пишува статии и за весници и интернет-портали.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ