Домашен сладолед од малини

Од:

Ова омилено летно освежување може да го направите и сами. Наместо малини можете да да ставите друго овошје, по избор …

Потребно е:
400 гр
 свежи малини
3 лажици шеќер во прав
1 лажица сок од лимон
250 гр слатка павлака
2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:
– Малините измијте ги убаво. Од нив одвоите 350 гр и измиксајте ги во блендер или пак со миксер.

– Во добиената маса додадете го шеќерот и сокот од лимон.

– Во друг сад изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер и во ова додадете ги иситнетите малини. Матете додека не добиете хомогена смеса.

– Добиената смеса ставете ја во пластични кутии и потоа во замрзнувач за да се замрзне.

– Пред да го послужите овој вкусен сладолен украсете го со преостанатите малини или некое друго овошје.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ