Доколку на овие пет прашања не можете да одговорите со „да“, тој не е вистинскиот

Од:

Љубовта можеби и не може да се дефинира. Таинствена, длабоко посакувана, духовна, некогаш и болна. Обично велиме дека не постојат зборови со кои љубовта може да се опише, но поточно не се работи за зборови, туку за луѓето кои ги изговараат. Љубовта е природна, логична последица на средба на две компатибилни души. Сепак како да знаете дали „тоа е тоа“? Одговорот може да се пронајде со неколку едноставни прашања.

Дали вашиот живот драстично се сменил на подобро, откако сте заедно?

Дали сте среќни? Имате ли подобар поглед на животот? Дали вашите проблеми ви изгледаат помалку страшни и ви се чини дека полесно ги решавате? Имате ли сега повеќе добри, отколку лоши денови? Ако сето тоа е точно, тој би можел да биде вистинскиот.

Фактот е дека поголем број жени не се впуштаат во брачните води се додека не си ги постават споменатите и слични прашања.

Дали имате насмевка на лицето секогаш кога ќе го видите, слушнете или ќе помислите на него?

Ако е така, тогаш го сакате и тоа навистина е најважниот знак. Ако чувствувате среќа кога ќе се сетите на него, тогаш тоа е вистинска љубов. Ако кога ќе помислите на него ви се разубавува денот, тогаш сигурно покрај себе имате човек кој треба да го задржите.

Можете ли да разговарате со него со часови, а да не ви биде досадно или да не се чувствувате чудно?

Телесната страст е важен аспект на романтична врска и тоа никој не може да го оспори. Сепак постојат и поважни фактори, кои треба да се разгледаат. Љубовта и пријателството ќе направат вашата врска да биде трајна. Ако разговорот со него не е една од вашите омилени работи запрашајте се зошто сте воопшто со него.

Дали е тука кога ви е потребен?

Дали тој навистина е ваш партнер или е само „момче“? Дали тој е покрај вас кога ви е навистина потребен? Дали ве поддржува, мотивира и ви помага да се задржите на вистински колосек или е со вас само кога тоа нему му одговара?

Вистина е дека двојките во врски треба да го задржат својот личен идентитет. Сепак ако мажот, со кој сте во врска повеќе го преферира својот личен простор во однос на времето поминато со вас, тогаш тоа е знак дека вие двајца не сте двојка. Барем не во вистинка смисла на зборот,

Дали тој ви се отвора и ве пушта во неговиот живот?

На некои луѓе им е потребно повеќе време да се отворат, дури и на луѓето кои им значат многу. Причина за таквото однесување може да биде и тоа што тие не веруваат во врската во која се наоѓаат. Тоа најверојатно не е ваша вина.

Понекогаш луѓето не можат да се отворат, затоа што длабоко во себе знаат дека тоа што го чувствуваат не е вистинска љубов.

Изразувањето љубов кај секој човек е уникатна работа. Начинот на кој вие го сакате, може да се разликува од начинот на кој тој ве сака. Сепак ако се прашувате дали ве сака или не, најверојатно уште  сега го знаете одговорот на тоа прашање, но едноставно не сакате да ја признаете реалноста. А ако реалноста е дека не ве сака, тогаш ослободете го.

Во животот ви е потребен маж кој ќе го сака секој атом на вашето битие.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска