Доделени музичките БРИТ награди

Од:

Десетина дена по Греми наградите, во лондонската О2 Арена вчера се одржи доделувањето на БРИТ наградите, а најзначајните музички признанија – пејачка и пејач на годината ги освоија Џорџа Смит и Џорџ Езра.

epa

Наградите за интернационални соло-пејачка и пејач ги добија Аријана Гранде и Дрејк, а пак Том Вокер е прогласен за најдобар дебитант.

epa

Титулата најдобар британски бенд, како и онаа за албум на годината, им припаднаа на рокерите од групата „1975″. Најдобар странски бенд се дуетот „Картерс“ составен од Бијонсе и Џеј Зи.

epa

Наградата за британска песна на годината ја освоија Калвин Харис и Дуа Липа за „Оnе Кiss”, а на шкотскиот музичар му е доделена и наградата за најдобар продуцент.

epa

Ед Ширан ја доби наградата за специјални достигнувања.

За најдобар видеоспот е прогласен oнoj за песната „Wоmаn Likе Ме” на групата „Литл Микс“ изведена во соработка со Ники Минаж. Нивниот настап на свеченоста привлече можеби најмногу внимание и реакции кај гледачите.

epa

Водители на вечерта беа комичарот Џек Вајтхол и радио-водителката Клара Амфо.

epa

БРИТ наградите се доделуваат од 1977 година како британски пандан на американските Греми награди, а организатор е Британската фонографска асоцијација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Адел триумфира на „Брит авордс“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сите победнички на БРИТ наградите за најдобар женски интернационален соло артист (2011-2020)

А1он