Пред да загине, застрелан од снајперски куршум во Јужниот Пацифик во 1944 година, 22-годишниот американски поручник Томас „Катон“ Џонс во неговиот дневник го запишал „последно барање“ со кое од „чесниот“ пронаоѓач на четивото бара да и го предаде на „девојката на неговиот живот“ Лори Меј Дејвис.
Неговата последна желба се исполнила и Дејвис го прочитала дневникот, но дури 70 години подоцна кога сосема случајно го пронашла на една изложба во Националниот Музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс.
[nggallery id=193]
– Не знаев дека неговиот дневник е таму, раскажува 90-годишната Дејвис, додајвајќи дека и потекле солзи од очи кога во Музејот го видела дневникот на нејзина средношколска љубов.
Кустосот Ерик Ривет и дозволил одблизу да го проучи дневникот, носејќи ракавици за да ја заштити хартијата од оштетување. –
Ова е првпат во моите 17 години работен стаж некој да пронајде спомен во витрините во Музејот, изјави Ривет.
Дејвис и Џонс се запзонале во средното училиште Винслоу во 1941 година.
– Тој беше кошаркар, а јас бев навивачка, раскажува Дејвиџ, појаснувајќи дека Џон и подарил прстен, но дека не биле верени. Тие биле само во љубовна врска за време на средното училиште, а биле и двојка за на матурската вечер.