Познатиот готвач Џејми Оливер го критикуваше Дејвид Бекам поради промовирањето на брза храна во рекламите.
Џејми се приклучи на поголема група луѓе кои напишаа протестно писмо со кое се предупредува на злоупотребата на спортистите за рекламирање нездрава храна, со што се испраќа лоша порака со децата чии идоли се спортистите.
„Дејвид Бекам е голем спортист но тој рекламира Пепси. Сметаме дека спортистите ги поттикнуваат луѓето да конзумираат нездрава храна, со што се нарушува здравјето“, се наведува во писмото чиј потписник е Џејми Оливер.