Во Младинскиот културен центар утревечер пред македонската публика ќе се претстави диџеј HEIDI, жената која во последната декада е лидер во презентација на најквалитетна андерграунд хаус и техно музика.
Локална поддршка ќе има од DJ Flooder & Maci Stojanovic, а како Win Music Freedom Lounge се Ивана Драгшиќ, Соња Исмаил и Илина Ангеловска.
– Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едноставно се трудам секој мој сет да заврши со нешто што ќе се памти и раскажува, изјавила Heidi за Independent.
Како диџеј има настапи на сите континенти, од фестивали до највлијателни клубови како „Watergate” Берлин, „Fabric” Лондон, но работи и како уредник на емисијата „Residency” на „BBC radio one”.
Родена е во Канада и во средината на деведесетите започнува да патува на журки во Детроит и Чикаго, стекнувајќи значајно дискофилско искуство.
Во 2001 година се сели во Лондон, сериозно инволвирајќи се во клубската сцена.
Во 2004 година заминува за Берлин, под заштита на Гермаското продуцентско дуо M.A.N.D.Y. Станува резидент на “Watergate”, но исто така често е букирана и во „Panorama bar/Berghain” .
Поради долгогодишно дружење и настапи со највлијателните диџеј имиња, таа успева да создаде сосема нов концепт на водење дискографска куќа. За нејзиниот бренд „JACKATHON”, свои песни издадоа Miss Kittin и легендарниот Derrick Carter.
Билетите за настапот на HEIDI се во продажба во Hash Bar, Кино Карпош, Радио Бар, Излет Кафе, Билетарата на МКЦ, Јагода (Битола) и http://mktickets.mk/heidi-mkc.