Детето од најрана возраст треба да се дружи со спротивниот пол

Од:

Нормално е децата на предучилишна возраст и во пониските одделенија да сакаат да се дружат само со својот пол. Меѓутоа, ако се опкружени само со девојчиња или со момчиња ги усвојуваат сите стереотипи за тој пол, што подоцна се одразува и врз емотивниот живот. Затоа родителите треба да ги охрабруваат машко-женските пријателства.

Важно е децата од мали да се навикнат на друштво едни на други затоа што како повозрасни побрзо ќе воспостават контакти и нема да бидат несигурни.

Децата тежнеат кон генерализација за појасно да ги разберат возрасните, па им е „зацртано“ дека сината боја и топката се за момчиња, а црвената боја и куклите за девојчиња. Родителот треба да им помогне да излезат од тој „калап“, да купуваат разнобојна облека, ѕидовите да ги бојадисаат ги во жолта, во зелена, во портокалова боја, да купуваат играки со кои сите ќе можат да играат.

Родителите треба да го поттикнат детето да смисли игри кои ги вклучуваат двата пола.

Кога најмладите деца го воспостават моделот машко-женски односи, полесно ќе склопуваат пријателства и поуспешно ќе функционираат во емотивните врски.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ