Десет знаци дека сте во погрешна врска

Од:

Воспоставување интимна врска со вистинскиот партнер е мошне важна за здравјето и среќата на секој човекот. Секој сака неговата врска да биде вистинскиот избор, но понекогаш првичната привлечост не е доволна за остварување на стабилно и трајно партнерство.

Тензија, чувство на здодевност, страв и лутина не се емоциите, кои треба често да ги чувствувате во една здрава романтична врска.

Следуваат десет знаци кои покажуваат дека веројатно сте во погрешна врска.

1. Чувствувате презир

Една работа е доколку повеќе не сте вљубени во вашиот партнер, но да чувствувате омраза и презир поради неговото однесувае е мошне лош знак за вашата врска. Горчината, незадоволството и стравот се исто така болни негативни емоции, кои не се дел од едно здраво љубовно партнерство.

2. Постојано се обвинувате еден со друг

Вашиот партнер ве обвинува за се што се случува во вашата врска, но и вие го правите истото. Сепак и двајцата имате некаква одговорност за тоа што се случува меѓу вас.

3. Вие сте многу различни типови на луѓе

Вашиот партнер сака да седи и да гледа телевизија цел ден, а вие повеќе би сакале да излезете и да се социјализирате со пријателите. Доколку имате дијаметрално различни интереси едниот од вас ќе се чувствува запоставено, кога неговите потреби нема да бидат исполнети. Големите разлики меѓу партнерите доведуваат до конфликти во врската. Кога сте се сретнале сте почувствувале поврзаност, но колку повеќе сте се запознавале сфаќате дека повеќе немате заеднички работи кои ве поврзуваат. Паровите многу подобро функционираат доколку имаат слична култура, верувања, образование и економски статус.

4. Се однесувате на начин кој не е својствен за вас

Доколку сте се смениле како личност откако сте во таа врска и таа промена не е на подобро, тоа е знак дека вашата врска не е добра за вас. Идеално вашиот партнер треба да ви помогне да станете подобра личност. Доколку во таа врска сте почнале да имате здравствени проблеми, намалена одлучност и фокусираност, како и емоционална неисполнетост време е да размислувате за нов партнер.

5. Сте загубиле интерес

Вашиот партнер ви зборува за тоа како го поминал денот, но вие воопшто не го слушате, бидејќи не ве интересира. Доколку вие или вашиот партнер повеќе не се слушате имате проблем во комуникацијата.

6. Имате различни цели

На почетокот на врската партнерите разговараат за нивната заедничка иднина. Сте правеле планови за заедничкиот живот, за делење на трошоците, можеби сте зборувале за деца или за вашите цели во кариерата. Доколку работите драстично се измениле и вашиот партнер повеќе не ги поддржува вашите соништа и има различни цели, тоа е знак дека таа врска нема иднина.

7. Имате љубовни и сексуални фантазии за други луѓе

Емоционалното неверство е сепак изневерување. Доколку забележите дека фантазирате за некој подобар живот, дури и со измислен роматничен партнер, тоа е знак дека сте неисполнети од сегашната врска.

8. Не сакате интимност со партнерот

Престанавте да се допирате, бакнувате и милувате како што тоа го правевте на почетокот на врската. Лежите во креветот оддалечени еден од друг. Сексот повеќе не ви е интересен и не сакате да иницирате интимност со вашиот партнер. Тоа е знак за сериозен проблем во врската.

9. Не си верувате еден на друг

Никогаш не треба да ја запоставите интуицијата кога таа ви кажува дека нешто е е во ред. Доколку имате чувство дека вашиот партнер нешто крие од вас, тоа можеби е знак дека треба да го соочите со тоа или да продолжите понатаму со животот. Недовербата во врската води до обвинувања.

10. Повеќе не правите напори да внесете новини во вашата врска

Во една студија е посочено дека партнерите кои по седум години во врската се чувствуваат заглавени во рутина и мошне ретко заедно прават нешто возбудливо, изјавуваат по девет години дека се незадоволни од бракот. Здодевноста во бракот по седум години, може да биде причина за големо незадоволство подоцна.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска