Десет работи со кои зрачат најубавите жени

Од:

Секоја жена е убава на свој начин, но сепак целосната жена освен физичката убавина поседува и некои квалитети кои ја комплетираат како личност. Следуваат десет работи со кои зрачат најубавите жени:

1. Елеганција

Појавата, движењето, стилот и однесувањето на убавата жена зрачат со елеганција на личност, која е сигурна во себе, во она што е. Елеганција е и кога жената со стил ги решава проблемите, почитувајќи ги етичките кодекси, секогаш во согланост со некои доблесни цели. . Ставот на ваквите жени е цврст, од нив зрачи аура на мистериозност, а енергијата истовремено им е силна и нежна. Ваквите жени се сигурни во себе, но и ранливи. Елеганцијата е одраз на длабочина и мудроста.

2. Љубезност

Начинот на кој се однесувате кон другите, како за нив размислувате и начинот на кој им се обраќате зависи од вашиот сензибилитет. Жените кои зрачат со убавина се љубезни кон секого, дури и кон оние кои не им се важни, затоа што разбират дека не е неопходно некој да ви се допаѓа за да го сакате. Постои веројатност дека некои таквата љубезност ќеја протолкуваат како слабост или ранливост, но бидете свесни дека таа поточно  е одраз на силни личности. Доколку не можат да направат нешто  убаво, таквите личности подобро нема да направат ништо. Љубезните луѓе стигнуваат до најдалечните точки во животот.

3. Сталоженост

Сталоженоста е форма на самоконтрола. Животот е полн со предизвици, а без сталоженост ризикуваме често да запаѓаме во конфликти и со тоа да ги уништиме кваллитетните односи со луѓето кои не опкружуваат. Сталожените луѓе добро ја разбираат старата, но вистинита поговорка „Помалку е повеќе“. Колку помалку реагираме, се браниме, му објаснуваме на некого,  со тоа имаме поголема контрола врз ситуацијата. Сталоженоста ќе не држи во исправена положба, со подигната глава. Сталожени можеме да се соочиме со загубата и мирно да ги дочеаме нашите „пет минути“. Сталоженоста претставува мирно пристанише во морето на животните промени.

4. Храброст

Храброста е неопходна за љубовта, за промените, за чувствата, за заминувањето, за враќањето, за сонувањето и исполнувањето на саканите цели, желби и соништа. Храброста ја сочинуваат храбри дела. Исто така храброста не е правење галама и фалење, храброста е цврстината на нашиот карактер.

5. Самодоверба

Кога ќе се научиме да се сакаме себе си, тогаш стекнуваме и самодоверба. Самосвесност, посветеноста на сопствениост развој не прави да се чувствуваме дека во се што сакаме можеме да успееме. Благодарение на самодовербата со сигурност знаеме кога да очекуваме позитивни случувања, затоа што знаеме дека сме одговорни за својот живот.

6. Упорност

Кога сме на чисто со самите себе знаеме кој сме, што сакаме во животот, што сакаме во љубовта и дури тогаш ќе бидеме целосно среќни. Ќе остварите се во животот затоа што знаете што сакате. Од секој предизвик извлекуваме нешто позитивно за себе, а со тоа што ние сме подобри се повеќе сме заштитени од негативните влијанија. Одлучноста не држи во добра насока, не врзува со нашите соништа и љубовта и ни овозможува да се сакаме себе си, Токму одлучноста не спречува да се менување во зависнот од опркужување или околностите и ни помага да останеме тоа што сме.

7. Памет

Паметот е поврзан и со знаењето, но и со емоциите. Кога сме свесни зошто и кога го чувствуваме тоа што го чувствуваме, можеме да станеме флексибилни, полесно ги поднесеме предизвиците и промените, да ги решавате на правилен начин. Интелегентните луѓе не стравуваат, тие знаат дека секогаш постои избор. Емоционалната интелегенција значи и можност дека секогаш гледаме целина, а не дел.

8. Скромност

Вистински убавата жена е само онаа која знае дека Земјината топка не се врти околу неа. Тоа е тој вид на скромност која овозможува да ги славиме туѓите успеси и достигнувања еднакво како и сопствените. Кога сме во целост задоволи со самите себе, немаме потреба за глумење и претворање. Најмногу сакаме да бидеме во позадина, си ја работиме својата работа и го пуштаме успехот да зборува сам за себе. Таквата скромност  заснована во длабоките чувства и искрени желби на сите да им биде добро. Убавината е кога се ужива во животот, токму таков што е без споредба со другите и обид тие да се надминат во што било.

9. Чесност

Чесните луѓе се стремат кон она шо е реално. Едноставни се, отворени, нежни, но и искрени во поглед на она што се. Трпеливи се. Она што е за нив специфично е дека секогаш го слушаат своето срце. Луѓето секогаш можат да се потпрат на ваквите личности, а тие нема ни да очекуваат, ниту бараат ништо за возврат. Веруваат во вистината како основа на се. Не се менуваат себе си поради другите и токму тоа што се нивниот приоритет и основа за среќен живот.

10. Љубов

Не постои поубава жена од онаа која е покрај саканата личност и која се сака себе си. Љубовта е квалитет кој се изразува низ духовното, емотивното, сензитивното дејствување. Ставот кој е исполнет со љубов овозможуа успех на сите полиња од кариера до родителство. Сепак и во љубовта постојат дисциплина и граници, кои се неопходни за почитување. Некои луѓе можат засекогаш да имаат место во срцето, но тоа не им го осигурува и местото во секојдневниот живот.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска