Секоја од наредните 10 фотографии раскажува посебна и трогателна приказна.
Плоштадот Тијананмен во Кина
Ова веројатно е најпознатата фотографија од протестот во Кина во 1989 година. На неа може да се види како еден човек стои пред неколку тенкови во движење.
Тој ден, главниот плоштад во Пекинг бил преполн со крв од демонстрантите кои што барале поголема демократија и политички реформи.
Иако никогаш официјално не е соопштен бројот на убиените, според некои податоци, во протестите кои што траеја шест недели, убиени се неколку илјади Кинези.
Јужен Судан
Кевин Картер е креаторот на оваа фотографија, направена во Јужен Судан. Подоцна оваа фотографија му ја донесе Пулицеровата награда, но и неговата смрт.
Глетката на гладното дете во близина на мршојадец очигледно била толку тежок момент за Картер, што тој одлучил да се самоубие.
Хамбург
Оваа фотографија е снимена во Хамбург во 1936 година, во текот на понирањето на нов брод. Меѓутоа, еден од присутните одбил да ја крене раката за време на нацистичкиот поздрав.
Овој човек се викал Август Ландмесер. Претходно тој поминал две години во нацистичкиот затвор затоа што се оженил со Еврејка.
Виетнам
Девојчето кое се наоѓа на средина на фотографијата има девет години. Таа се вика Ким Фук и во времето кога е направена оваа фотографија, во Виетнам во 1972 година, таа и нејзиниот брат бегале од војниците кои што и го изгореле грбот.
За среќа, овие деца преживеале, а фотографијата е дело на Хун Конг Ут.
Њујорк
Американскиот фотограф Ричард Дру овековечил драматичен момент од 11 септември 2001 година.
По терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден човек кој работел во кулите, во паниката одлучил да скокне преку прозорот.
Западниот брег
Жителка на Амона, регион источно од Рамала, се конфронтирала со израелските војници во текот на евакуацијата од овој дел од Западниот брег.
Фотографијата е направена на 1 февруари 2006 година, а фотографот Одед Балити доби и Пулицерова награда за ова свое дело.
Њујорк
Ова е веројатно една од најпознатите фотографии од Втората светска војна. Војникот одлучил да ја бакне медицинската сестра која што подоцна, наводно, му удрила шлаканица поради неговата постапка.
Сето тоа се случило на прославата на крајот на војната на Тајмс Сквер во Њујорк во 1945 година. Фотографијата е дело на Алфред Ајнштед.
Ајнштајн
Фотографијата на која што легендарниот научник Алберт Ајнштајн го покажува својот јазик е дело на Артур Сасе, а истата е направена на 14 март, 1951 година.
Првиот чекор на Нил Армстронг на Месечината
На 20 јули 1969 година, астронаутот Нил Армстронг за првпат стапна на Месечината. Оваа фотографија го прикажува првиот човечки чекор на природниот сателит на Земјата.
Фотографијата ја направил вториот астронаут, Баз Олдрин, кој воедно е и вториот човек кој стапнал на Месечината.
Њујорк
Фотографијата на која што градежните работници ручаат на попречна греда е снимена на 29 септември 1932 година, за време на изградбата на зградата “General Electric” на Менхетен.
Фотографот Чарлс Ебетс го овековечил овој неверојатен момент на 69-тиот кат од кулата.