Од денеска до 27 овој месец во Скопје по десетти пат ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонскиот мед“.
Манифестацијата е во организација на Здружението на одгледувачи на пчели „Матица“ од Скопје традиционално ќе се одржи на улицата „Македонија“, пред спомен куќата на Мајка Тереза.
Ќе започне со дефиле и настап преку игри и песни на дечињата од детските градинки од Општина Центар.
Покровител на манифестацијата е министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.