Денови на француската кујна со Оливер Бепмал во Македонија

Од:

Богатиот француски вкус и гастрономија ќе бидат претставни од реномираниот готвач гостин Оливер Бепмал на Денови на француската кујна, што од 21. до 26. март ќе се одржат во рамки на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“.

Деновите на француската кујна, како што информира организаторот, се дел од глобалниот настан „Вкусот на Франција“ во кој учествуваат преку 2.000 ресторани од 150 земји, а настанот во Македонија го поддржува „Дистрикт“ бар и ресторан.

За време на деновите на француската кујна во Македонија Бепмал ќе презентира специјално мени со традиционален француски аперитив, ладно и топло предјадење и ексклузивен десерт, кои ќе ги нагласат француската кулинарска традиција и култура.

– Огромна чест ми претставува што ќе бидам дел од овој настан во Македонија и што ќе имам прилика да придонесам во креирање на едно уникатно мени заедно со Питер Татар, главниот готвач на Скопје Мериот Хотел и Дистрикт ресторан. Инспирирани од традицијата, но и предизвиците на новото време, овие денови ќе понудиме изобилие од вкусови преточени во супи, стартери, главни јадења и десерти, вели Оливер Бепмал.

Деновите на француската кујна се организирани заедно со Францускиот институт во Скопје и ќе бидат отворени денеска во „Дистрикт“ бар и ресторан, каде како што е најавено, посетителите ќе имаат можност да ја погледнат отворената кујна на ресторанот и да го запознаат специјалниот гостин, францускиот готвач Оливер Бепмал.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава