Денот на раѓање ја открива вашата омилена боја

Од:

Во некои бои одлично се чувствуваме, било да се работи за облека која ја носиме, ѕидовите на канцеларијата во која работиме, завесите во спалната соба или омилената шоља од која пиеме кафе. Исто така, некои бои воопште не ни одговараат.

За да откриете која боја најмногу ви одговара, видете кој ден сте родени затоа што со секој ден во неделата управува одредена планета и секој ден симобилизира по една боја.

Понеделник – Ден на Месечината
Меланхолични сте, романтични и подложни на осцилации на расположението. Претпазливи сте и скептични. Иако посакувате мирен живот, тешко ви поаѓа од рака тоа и да го остварите. Можете да бидете успешни во креативните и уметничките занимања. Иако сакате бела и сина боја би требало често да носите и зелена затоа што ја зголемува вашата упорност.

Вторник – Ден на Марс
Отворени сте, динамични, секогаш активни, поседувате непресушен ентузијазам и борбеност. Посесивни сте а умеете да бидете и осветољубиви. Сигурни сте во себе и своите способности. Сакате црвена боја, но би било добро да носите и користите и портокалова и кафена.

Среда – Ден на Меркур
Посакувате животот да ви личи на некој авантуристички роман полн со изненадувања и непредвидливи случувања. Ве привлекува се што е ново. Имате дарба за бизнис и критички сте настроени. Никогаш не се одмарате, секогаш брзате а здодевноста и неактивноста ве „убиваат“. Сакате жолта, а треба да носите и сина боја која ги смирува вашите чуствителни нерви.

Четврток – Ден на Јупитер
Тешкотиите и проблемите ги надминувате релативно лесно. Великодушни сте, одлучни, стабилини, влевате доверба, делувате безгрижно. Доста сте реални, објективни, не градите кули во воздух. Опкружете се со сина боја која ве смирува и ја истакнува вашата чуствителност, нежност и хуманост.

Петок- Ден на Венера
Се трудите секогаш да делувате расположено иако секогаш не сте такви. Сакате одмор, забава и патувања. Склони сте често да планирате но и да отстапите од своите работи или некои замисли кога веќе нема да ви се допаѓаат. Зелената боја може да ви помогне да воспоставите рамнотежа на телото и духот.

Сабота – Ден на Сатурн
Амбициозни сте, прецизни и методични. Чувствителни сте и имате богат внатрешен живот. Склони сте кон самоиспитување и поседувате истражувачки дух. Не поднесувате користољубиви личности но треба да разберете дека луѓето имаат и маани. Иако сакате бела и црна боја (кои всушност и не се бои), жолтата ве поттикнува на акција и ви го крева расположението.

Недела – Ден на Сонцето
Зрачите со оптимизам и полни сте со ентузијазам. Динамични сте и борбени, работите и живеете надвор од постоечките норми, полни сте со изненадувања. Рафинирани сте, достоинствени, праведни, одлучни. Треба да носите бела боја затоа што таа ве прави почувствителни и посензибилни.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските