Меѓународниот ден на мажите се прославува секоја година на 19 ноември, почнувајќи од 1999 година. За прв пат е одбележан во Тринидад и Тобаго, а денес се слави во 60 земји.
Целта на прославувањето на овој ден е фокусирање на здравјето на мажите, подобрување на односите, како и промовирање на родовска рамноправност, истакнување на позитивните машки примери.
Посветете го времето на вашиот партнер. Подгответе му го омиленото јадење, израдувајте го со мал подарок, уживајте во интимна вечера, или едноставно погледнете некој добар филм заедно.