Декоративна мајонез салата

Од:

За сите љубители на салати со мајонез …

Потребно е:
200 гр моркови
200 гр смрзнат грашок
350 гр компири
1 кисело јаболко со средна големина
1-2 лажици сок од лимон
250 мл вода
сол, бибер
1 кесичка (7 гр) желатин
6 лажици мајонез
3 лажици павлака
6 јајца
1 пиперка
листови магдонос, за декорација

Подготовка:
– Излупете ги морковите и компирите и исечете ги на мали коцки. Ставете ги во едно подлабоко тенџере и потоа додадете го смрзнатиот грашок. Во тенџерето сипете ладна вода, да ги покрие состојките. Додадете сол и бибер по вкус и сварете го зеленчукот.

– Излупете го и јаболкото и исецкајте го на мали коцки. прелијте го со 1-2 лажици сок од лимон за да не поцрни.

– Сварете ги јајцата да бидат тврдо варени и оставете да се изладат.

– Исцедете го сварениот зеленчук и сочувајте 250 мл од водата во која го варевте.

– Во изладената вода додадете 1 кесичка желатин, убаво измешајте да се растопи желатинот.

– Потоа додадете го зеленчукот, сецканото јаболко, мајонезот и киселата павлака и убаво измешајте.

– Модлата (28х13 см) во која ќе ја сипете салатата обложете ја со пластична фолија, така да краевите на фолијата излегуваат надвор од модлата.

– Прво во модлата сипете 1 слој од салатата со дебелина од околу 1,5 см. Над неа по средината наредете ги сварените јајца и потоа со лажица внимателно сипете го остатокот од салатата. Краевите на фолијата префрлете ги над салатата во калапот.

– Изладете ја салатата во фрижидер најдобро преку ноќ. Изладената салата превртете на чинија за сервирање, премачкајте ја со мајонез и украсете по желба.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски