Дегустација, едукација и забава на Фестивалот на органска храна во Градски парк

Од:

Компири, грав, грозје, кромид, пиперки, краставици, лук, пченка, патлиџан, пелистерски и мариовски мед, козјо сирење и млеко, козметика, ракотворби, се само дел од производите што може да се дегустираат и купат на годинашниот 8. Фестивал на органска храна во Скопје.

Фестивалот се одржува викендов на Школка, во Градски парк. Освен дегустација и продажба на производите, понуди и музика, дружење и едукација.

Штандови имаат повеќе од 20 органски производители и изложувачи на органски производи.

„Никулците како супер храна и придобивките од нив“, „Лековитите габи – потентни зајакнувачи на имунитетот“ и „Социјални претпријатија и органска нега“ се темите на трите работилници предвидени за денеска, по што следуваат други содржини од интерактивната програма и забава.

Фестивалот ќе заврши попладне со јога за возрасни, а беше отворен вчера со јога за деца. Присутните имаа можност да научат нешто повеќе и за влијанието на храната кај лицата со посебни потреби.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Николовски: Новиот регистар на органски оператори од денеска е достапен за потрошувачите

Наум Локоски

Во Крива Паланка промовирана брошура „Чекор по чекор до органско производство“

Ана Ололовска

Работилница: Органското производство може да биде поевтино од конвенционалното

Ана Ололовска

Јакнење на Мрежата за органско производство

Ана Ололовска

Органски се само производите со националната ознака – сонце околу кое вирее фиданка

Ана Ололовска

Фестивал на органска храна

Ана Ололовска