Бројот на дебелите лица рапидно расте во целиот свет. Според меѓународната студија, бројот на дебели лица расте како во развиените така и во земјите во развој. И во Хрватска, според оваа студија, дури 62,5 отсто лица се дебели.
Според објавената студија во угледното медицинско списание Лансет, додека во 1980 година имало само 857 милиони луѓе во светот кои се сметале за дебели, во 2013 година има околу 2 милијарди и 100 милиони. Студијата ја спроведе Институте фор Health Metrics and Evalution на Универзитетот во Вашингтон, кој го спореди индексот на масата на телото (Body Mass Index, БМИ) во над 180 земји во светот.
Според тој индекс, со кој тежината на некое лице се дели со квадратурата на неговата висина, сите на кои индексот им е поголем од 25 се сметаат за дебели. Вредноста над 30 се сметаат за многу дебели, а такви има околу 671 милион. Студијата потврдува многу стереотипи па така и вообичаената претпоставка дека најмногу дебели луѓе живеат во САД. Но, нивниот број во последните 30 години значително пораснал и во земјите на Блискиот исток, посебно во Египет, Саудиска Арабија и Оман.
И сиромашните се дебели
Исто така се покажало дека, ако се работи со апсолутни бројки, значи со бројот на граѓаните, тогаш многубројните земји посебно страдаат од дебели луѓе: престолнина на дебелите стана Кина, во која дури 300 милиони лица се сметаат за дебели и потоа следат САД со 160 милиони, но и Индија со 150 милиони, Бразил со 74 милиони и Русија со 68 милиони. И Германија е меѓу десетте земји која брои најмногу дебели луѓе дури 41 милион. Со други зборови, околу 64 отсто мажи и 49 отсто жени во Германија се сметаат за премногу дебели. Земајќи во проценти, во Хрватска 62,5 отсто од вкупното население се уште подебели од Германија. За споредба, тоа е само 10 отсто помалку од Словенија, но затоа многу повеќе од Босна и Херцеговина со 57,3 отсто, Србија со 55,6 отсто или дури Италија со 54 отсто.
Хрватска се витка од тежина
Експертите од американскиот универзитет под водство на професорката Мари Неџ детално ја анализирале и возраста и полот на лицата кои ги сметаат за дебели. Така во Хрватска излегува дека многу родители со право се лутат кога ќерката во време на адолесценција изгледа како да е од Бијафра. Навистина, меѓу девојките во Хрватска на возраст од 15 до 19 години, од нив само 16 отсто според овој индекс можат да се сметаат за дебели, и иако Биафра повеќе не постои, туку тоа денес е дел од Нигерија, и во овој симбол за глад од минатите децении пресметаниот индексот за дебелите денес е поголем за 33,4 отсто.
Дури и хрватските момчиња на таа возраст се дебели (25 отсто), но во таа земја мажите дури на зрела возраст нагло се здебелуваат, така на возраст од 55 до 59 години дури 78 отсто Хрвати се сметаат за предебели, сметаат американските експерти. Кај жените тоа доаѓа нешто подоцна, па така истиот процент го достигнуваат Хрватките на возраст од 65 до 69 години.
Сепак дебел не значи дебел
На сите може да ни биде утеха и кралството Тонга на југот на Пацификот. Оваа мала држава на 169 острови упорно ги игнорира сите рецепти и совети за диета со кои сме преплавени од сите медиуми и со 85 отсто дебели луѓе во 2013 година е редовен рекордер по бројот на дебели на целата планета. Бидејќи на жителите на Северна Кореја не им значи многу што според оваа статистика се најслаби.
Иако владее големо медиумско внимание за овој извештај објавен неодамна, треба да се додаде дека има нешто и добро во познатиот аргумент на дебелите лица дека можеби имаат тешки коски. Имено, овој индекс на телесната маса дури ни во медицинските кругови не е прифатен како мерка за дебелина, бидејќи не го отсликува вистинскиот удел на мускулното и масното ткиво на некое тело. Така и спортистите според оваа американска статистика излегуваат прасиња, а маж висок 1,80 смее да тежи само 70 килограми за да биде нормален. А тука и секој нормален лекар сериозно би се загрижил поради гладост.
Дојче веле – Бон