Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје на 24 април ќе биде претставена далматинската кујна.
„Вкусот на Далмација“ е уште една програмска активност во рамки на програмата „Вкусот на Скопје“ која „Јавна соба“ ја спроведува во соработка со гости готвачи и има за цел да креира вистински вредности во гастрономијата и добро конзумирање храна во Македонија.
Храната ќе ја подготвуваат готвачи од Задар, Игор Чупахин и Марцел Шкарица по традиционални рецепти наследени од нивните мајки и баби, а надградени со сосови и зачини.
Подготвено е типично приморско мени кое е зачинето со континентални намирници за да се избалансираат вкусовите и да се доживее Далмација.