Барби, најочекуваниот филм на годината, вчера конечно пристигна на кино екраните ширум светот, а на премиерата беше и бразилскиот фудбалер Нејмар.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен ја шокираше публиката појавувајќи се на премиерата на филмот облечен во розево. Во последно време повеќе се зборува за авантурите на Нејмар надвор од зелените терени отколку за фудбалот.
На почетокот на оваа година се коцкаше на интернет и изгуби дури милион евра во покер, а на коцката не одолеа ниту по освојувањето на францускиот шампионат.
Futboleros: ¿Cuántos como Neymar Jr fueron a ver Barbie? 👀 pic.twitter.com/8Qs7INwOfg
— Fútbol, fútbol y más fútbol ❤️⚽️ (@Futbool_Fotos) July 21, 2023
По тој повод наместо да ја прослави титулата со соиграчите, тој замина во Монте Карло каде што пристигна токму на коцкање.
Нејмар загуби милион евра во покер, а неговата реакција го навлече гневот на јавноста.
Што се однесува до филмот Барби, тоа е филм на режисерката Грета Гервиг, во кој главната улога ја толкува прекрасната Маргот Роби, која заедно со Кен, кој го игра Рајан Гослинг, оди во разни авантури.
„Ако ја мразите Барби, овој филм е за вас“, најавува трејлерот на овој чуден филм.