Црниот чаj е добар против дијабетес

Од:

Дијабетес тип 2 станува се почеста болест, а стручњаците предвидуваат дека, доколку животните навики на луѓето не се променат, бројот на луѓето во светот кои страдаат од дијабетес до 2030. година ќе изнесува дури 900 милиони. А токму цртниот чај е добар за спречување на оваа болест.

Со желба да се запре овој пораст, научниците ги набљудувале навиките на луѓето во разни држави. Утврдено е дека во земјите каде процентот на потрошувачка на црниот чај е најголем, процентот на луѓе кои страдаат од дијабетес тип 2 е најмал.

Во Ирска, Турција и Велика Британија процентот на консумирање на црн чај е најголем, додека најнизок е во Јужна Кореја, Бразил и Кина.

Истражувањето покажало дека добар ефект имаат зелениот и белиот чај, но најефикасен е црниот поради процесот на производството.

Имено, црниот чај е подобро ферментиран, па едноставните флавоноиди ги менува во покомплексни соединенија кои се нарекуваат теафлавин и теарубигин, за кои се смета дека го намалуваат ризикот од настанување на рак и го забавуваат ширењето на клетките на ракот.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски