Чоколадно гнездо

Од:

Многу оригинална и декоративна …

Потребно е:
за тестото:
130 гр путер
100 гр шеќер во прав
средината од 1 стапче ванила
5 жолчки
2 јајца
160 гр чоколадо за готвење
50 гр брашно
5 белки
прстофат сол
2 лажици сецкана кандирана кора од портокал
2 лажици мармалад од кајсии
2 лажици сок од лимон

за филот:
200 мл слатка павлака
200 гр чоколадо со 70 % какао во него
3 жолчки
70 гр шеќер во прав
6 лажици млеко
2 листови желатин
2 лажици рум
100 мл слатка павлака
200 гр мешано овошје од компот

за глазурата и украсување:
100 гр чоколадо за готвење
100 мл слатка павлака
100 гр чоколадни трошки
изрендано чоколадо
5 бели чоколадни јајца

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.

– Дното на калапот за торта со дијаметар од 26 см обложете го со хартија за печење.

– Ситно исецкајте ја кандираната кора од портокал.

– На пареа растопете го чоколадото искршено на парчиња и малку изладете го. Брашното измешајте го со мелените лешници. Белките со солта изматете ги во густ шлаг.

– Во еден сад изматете го путерот, додадете ги шеќерот во прав, млакото растопено чоколадо, жолчките една по една, потоа и јајцата едно по едно и внатрешноста од стапчето ванила. Матете со миксер 1-2 минути.

– Потоа наизменично со постојано матење со миксер додадете ги смесата од лешници, шлагот од белки и исецканата кора од портокал. Тестото сипете го во калапот и ставете да се пече во загреаната рерна 40-45 минути.

– Испеченото тесто оставете малку да се излади и потоа превртете го од калапот и оставете убаво да се излади. Од горната страна со остар нож и со помош на чинија со дијаметар од 20 см означете круг. Тргнете ја чинијата и внимателно со помош на ножот исечете и извадите околу 1 см дебел круг од тесто. Сега исечете го тестото по должина на три дела. Долниот дел нека биде подебел од другите два дела.

– Во сад на рингла загрејте го мармаладот и сокот од лимон, исцедете ги и со ова премачкајте ги сите три кори.

– Исцедете го овошјето од компотот. Желатинот потопете го во ладна вода. Ставете да се вари слатката павлака и додадете го искршеното чоколадо. Мешајте додека да се растопи. Внимавајте павлаката не смее да почне да врие.

– Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот и млекото и садот ставете го на рингла на ниска температура. Варете ги жолчките со постојано мешање додека двојно да порасне кремот од жолчки. Оставете малку да се излади и додадете ги ликерот, растопеното чоколадо, исцедениот желатин и изматете убаво со миксер. Кога кремот ќе почне да се згуснува додадете ја убаво изладената слатка павлака која претходно сте ја изматиле во густ шлаг и исцеденото овошје од компот.

– Најдолната кора од тесто ставете ја на чинија и премачкајте ја со половина од кремот. Над ставете ја втората кора и благо притиснете ја и премачкајте ја со вториот дел од кремот. Најодозгора ставете ја третата засечената кора. Тортата оставете ја да стои 3 часа во фрижидер.

– Растопете го чоколадото на пареа. Во сад на рингла ставете ја слатката павлака да се загрее, прелијте ја над растопеното чоколадо и измешајте. Оваа мешавина прелијте ја по рабовите на тортата така што да се прелива малку и кон средината. Со топол нож рамномерно размачкајте ја глазурата по целата торта. Причекајте малку да се стегне глазурата, па целата торта посипете ја со чоколадни трошки. Издлабената средина на тортата украсете ја со изрендано чоколадо и со 3 цели и две скршени чоколадни јајца.

– Тортата ставете ја во фрижидер да стои неколку часа, а потоа исечете ја со топол нож и послужете.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава