Колку и да сакаме тоа да го негираме физичкиот изглед е на прво место што нас не привлекува кај некои личности. И додека мажите паѓат на жени со совршени облини, долги коси, тенка половина и мазна кожа, критериумите на жените се сепак нешто поинакви.
1. Индекс на телесна маса
Истражувањата покажаа дека индексот на телесна маса кај жените е многу важен. Мажите кои имаат убаво тело и БМИ 20.85 се најатрактивни кај жените. Научниците објаснуваат дека поврзано со потсвесната желба за здрав и полоден маж. Но не смееме да го занемариме ни секси стомакот, затоа што без оглед на телесниот индекс поголем број од жените прво ќе изберат силни мажи отколку „мекуши“.
2. Нозе
Додека мажите сонуваат за жени со долги слаби нозе, жените го прават спротивното. Исто така, со истражувањето докажано е дека на жените попривлечни фраери се со кратки нозе отколку оние пропорционалните. Можеби станува збор за трендот фудбалери кои го зафати целиот свет или едноставно жените сакаат мускули, а тие секако повеќе се истакнуваат на куси и силни машки нозе.
3. Лузни
Лузните од многу одамна се многу попривлечни и сексипилни за жените. Тие симболизираат опасност и храброст и машка сила, а мажите со лузни на лицето, градите или грбот многу лесно можат да поминат како немирен дечко што е уште една популарна женска фантазија.
4. Добри момчиња
Иако поимот безобрани момчиња потсетува на холиувудски заводници како Џејмс Дин, Џони Деп или Џорџ Клуни, е дел од женската фантзија, во вистинскиот живот на жената сепак паѓаат на добри момчиња. Чуствителност, хуманост, пристојност, несебичност и пожртвуваност се особини на совршен маж на кои ќе „падне“ секоја жена.